Македонскиот дипломат Миле Миленкоски, кој е уапсен по меѓународна потерница и е во притвор во Врање, имал безбедносен сертификат издаден од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање(УБК) на 9 февруари 2019 година, соопшти Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
Од АНБ преку соопштение наведуваат дека од денот на формирањето на институцијата на 1 септември 2019 до 27 август 2021 година, денот на приведувањето на Миленкоски, до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации нема доставено барање за спроведување на безбедносни проверки, ниту за Миленкоски, ниту за останатите две лица споменати во медиумите.
Во соопштението се наведува дека не се вистинити ниту информациите во некои од медиумите дека која било од останатите засегнати институции во земјата до денот на притворањето на М. Миленковски во Србија, доставиле информација до Агенцијата за национална безбедност за наведениот случај.
Ерменски скандал – Димитров ја префла топката во дворот на Спасовски
Безбедносниот сертификат што го има Миленкоски е издаден врз основа на извршена безбедносна проверка од втор степен, а за останатите две лица е утврдено дека не располагаат со важечки безбедносни сертификати, наведува АНБ.
Од Агенцијата наведуваат дека се преземени активности за приспитување на условите под кои Миленковски го добил сертификатот и активности за одземање на безбедносниот сертификат.







