СЗО препорачува двојно зголемување на акцизата за алкохол во Европа за борба против ракот

Светската здравствена организација (СЗО) препорача двојно зголемување на акцизите за алкохол во Европа како средство за спречување на скоро 5.000 смртни случаи од рак секоја година, објави АФП.



Зголемувањето на акцизите за алкохолни пијалоци е „една од најдобрите мерки“ за спречување на „потенцијално висок удар“ на ракот, соопшти европската канцеларија на СЗО, додавајќи дека најголема корист ќе имаат земјите како Русија и Велика Британија.

Агенцијата на ОН објави дека„приближно 10.700 нови случаи на рак и 4.850 смртни случаи поврзани со алкохол може да се избегнат годишно во европскиот регион со двојно зголемување на тековните акцизи за алкохолни пијалоци“.