Србите од Косово и Метохија се лути и загрижени поради потегот на Приштина да испрати единици на специјалната полициска единица РОСА на административните премини Јариње и Брњак кон Србија кои контролираат возила со српски ознаи.
Игор Симиќ од Српската листа за утринската програма на ТВ Прва рече дека Приштина испратила преку 20 возила, вооружени до заби на специјалните сили. Според негона административните премини има околу 300 српски возила во Јариње и повеќе од 100 на административниот премин Брњак.
Б92 дознава дека причината за засилените контроли е наредба од министерот за внатрешни на Косово, за одземање регистарски таблички со српски ознаки, а возилата со српски ознаки се должни да ги заменат со пробни таблички на Косово.
Во документот се наведува и дека обезбедувањето на пробните таблички се врши на сите премини, дека возачите се должни да ги постават пробните таблички на потребните места пред и зад возилата, како и дека валидноста на табличките е 60 дена, пренесуваат медиумите во Приштина.







