Кандидатот на СДСМ се бори за Аеродром а гласал во Центар

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ Александар Филиповски до минатите избори гласал во општина Центар затоа што живеел во елитната населба Панорама на Водно.



Ова го откриваат твитерџии кои приложуваат документи од единствениот избирачки список.

Во нив се гледа дека Филиповски кој се претставува како Аеродромец всушност до лани гласал во општина Центар.

Филиповски стана познат во јавноста по гафот направен на видео емисија на Слободен печат кога се збуни и рече “отидов”.

Претходно бил пратеник на СДСМ, неговиот татко бил директор на Скопскиот Аеродром а чичко му министер за економија во владата на Црвенковски.