Настинката го спречува коронавирусот, но…

Луѓето кои имаат настинка не можат да бидат заразени со коронавирус, изјави професорот од Руската академија на науките, Петар Чумаков.



Според него, едно лице не може да се зарази со коронавирус за време на настинка или САРС и тврди дека болно лице не може истовремено да се зарази со друг вирус, бидејќи организмот произведува интерферон.

„Интерферонот е антивирусен протеин кој го штити телото од секундарна инфекција“, објаснува Чумаков.

Сепак, по заздравувањето постои ризик од инфекција со ковид-19, а бидејќи имунитетот ќе се намали со првата инфекција, коронавирусот може да биде потежок. (МИА)