Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вели дека истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е во завршна фаза.



„Истрагата е во завршна фаза. Го добивме материјално-финансиското вештачење. Се чека уште едно вештачење, треба до следната недела да стигне и тоа и ќе се викаат осомничените да дадат своја одбрана, доколку сакаат“, вели обвинителката во интервју за Радио слободна Европа според која наскоро може да има и обвинение.

Русковска потврдува дека се испитува како можел Рашковски да си дозволи гаранција од околу 500 илјади евра за замена на мерката притвор во домашен притвор и парите за хациендата на име на неговите деца во Побожје.

Околу последното Русковска вели дека не е исклучена конфискација:

„Не е проблем воопшто, затоа што и сегашниот закон предвидува доколку се утврди одговорност, се разбира, доколку судот утврди дека некој е виновен, има проширена конфискација и тука спаѓаат членовите на потесното семејство – сопруга, маж, деца, зависи кој е обвинет, така што тоа воопшто не е проблем и според постоечката законска регулатива“.