Азири: „За Заев – заштитникот на криминалот изгорените тетовци се банална работа!“

„Четиринаесет граѓани на Тетово изгореа живи, а за Зоран Заев ова е банална работа! Зошто тој не ги прифаќа поднесените оставки? Со тоа потврдува дека фотелјата и негова и на Венко Филипче се поважни од секој друг вид мотив!“ – реагира остро Елми Азири, пратеникот на опозициската Алијанса на Албанците и професор по економија на Штуловиот универзитет во Тетово, на изјавата на премиерот Зоран Заев, кој денес во одговор на новинарско прашање кажа „темата за тетовската модуларна болница и за оставките станала банална“. – пренесуваат медиумите на албански јазик во Mакедонија.

Во своето јавно реагирање пратеникот Азири истакнува: „Зоран Заев вели дека прашањето станало банално! Формално, одговорните дадоа оставки од морални мотиви, но од какви мотиви Зоран Заев не ги прифаќа овие оставки? Со ова потврдува дека фотелјата негова и на Венко се поважни од секој друг мотив!“

„Ова не е првпат Заев да се поставува во заштита на криминалот и корупцијата: скандалот со пасошите за меѓународни криминалци, скандалот во Министерството за надворешни работи со уапсениот дипломат, заштитата на Кичеец, бизнис – интересите на неговиот тесен круг…“ – заклучува Елми Азири од Алијансата на Албанците во својата реакција на нерифаќањето на оставките по повод тетовската трагедија и обидот таа да се банализира од страна на Зоран Заев.