Досега петмина уапсени за вчерашниот протест во Тетово

Претпладнево биле уапсени уште две лица од Тетово поради учество во вчерашниот протест на кој се бараше одговорност за трагедијата со пожарот во модуларната ковид-болница, а дел од демонстрантите се судрија со полициските службеници.



Досега лишени од слобода се пет лица, потврдиле од СВР Тетово за „360 степени“.

Вчера беше приведен и организаторот на протестот на кој му се заканува казна затвор до 3 години.

Во вчерашните протести беа полесно повредени четворица полицајци, кога дел од демонстрантите се обидоа да стигнат до седиштето на ДУИ.