Блерим Ахмеди, организатор на вчерашниот протест во Тетово, кој на моменти ексалираше, синоќа бил приведен, јави ТВ 21 која објави и видео од приведувањето.



Според снимката на ТВ21, се гледа како во полициско возило го носат Ахмеди во полициска станица.

За ТВ21 зборува и адвокатот, кој вели дека неговиот клиент се сомничи за кривично дело за кое е придвидена казна затвор од една до три години.

Вчера во Тетово имаше протест поврзан со трагичниот пожар во тетовската болница. Демонстрантите најпрво мирно протестираа, а потоа со јајца и предмети фрлаа кон општинската зграда, за да на крајот се упатат кон седиштето на ДУИ во Мала Речица.

Таму дојде до судир на дел од демонстрантите со полицијата, при што 4 полицајци беа повредени.

Приведени биле две лица.

ДУИ преку соопштение ја обвини „албанската опозиција“ за протестот.