Директорот на Државниот завод за статистика задоволен од интензитетот со кој се одвива пописот и кој, според него, успешно ќе заврши во планираниот рок, изјави директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, кој денеска престојуваше во Дебар.
„До вчера попишани се точно 800.008 граѓани, а до утре очекуваме бројка од милион попишани граѓани. Бројот на оние кои одбиваат е незначителен, а по разговорите, кај нив повеќе нема двоумење се попишуваат“ изјави денеска диреторот Апостол Симовски.
Како што рече, оние кои повикуваат на бојкот, главно преку социјалнте мрежи не и мислат добро на државата и потсети дека се работи за статистичка, а не за политичка операција.







