Бугарија на 14 ноември оди на трети парламетарни избори оваа година откако по редовните во април и вонредните во јули, ниедна парламентарна партија не успеа да состави влада.
Неизвесно е дали изборите во ноември ќе изменат нешто со оглед на тоа што – освен партијата на Слави Трифонов “Има таков народ’ која вртоглаво ја губи популарноста – распоредот на партиите кои ќе бидат доминантни во идното Народно собрание е речиси непроменет.
Анкета покажува дека доколку изборите за бугарското собрание се одржеа во првата половина на септември, победник на изборите би била партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, со поддршка од 22,5%, БСП би била втора со 16,1%, „Демократска Бугарија“ трета со 15,8% и „Има таков народ“ со 15,5% четврта политичка сила.







