Донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија, пристигна вчера, соопшти утрово на Твитер шефот на дипломатијата Бујар Османи.
„Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Значаен гест на пријателство и солидарност“, напиша Османи.
Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Северна Македонија.
Рокот на вакцините истекува на 30 септември.







