Италија: Без ковид-пасош „виси“ работното место!?

Сите вработени во Италија, во државните служби но и во приватните претпријатија, од 15 октомври ќе треба да поденсат документ дека се вакцинирани, излечени или имаат негативен тест на Ковид-19, во спротивно се закануваат санкции во форма на парични казни и суспензија од работното место, пренесе Би-би-си.



„Ја прошируваме обврската за ‘зелен пасош’ на сите вработени, како во приватниот, така и во јавниот сектор од две причини: за да создадеме поголема сигурност во работните средини и да ја зајакнеме вакциналната кампања“, изјави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца синоќа на прес конференција.

„Ковид пасошот“ засега е обврска при посета на ресторани, во возови и на многу јавни места, поради што имаше и бројни протести, а за здравствените работници одамна важи обврска за вакцинирање.

Околу 75 проценти од Италијанците над 12 години имаат примено вакцина против коронавирус.