Македонија е на 35. место меѓу 40 држави во Европа според квалитетот на патната инфраструктура, покажуваат податоците од Извештајот за глобалната конкурентност на Светскиот економски форум за 2019 година.



Меѓу оценките од 1 до 7, кои ги дале 12.987 раководители од различни стопански гранки од 141 држава во светот, Македонија добила средна оценка 3,4, колку и Бугарија.

Послабо на стариот континент се оценети само „фенерџијата“ Молдавија (2,6), Босна и Херцеговина (2,8), Украина (3), Романија (3) и Малта (3,3).

Од опкружувањето најдобро е оценета Хрватска, која е шеста со оценка 5,6, Словенија е 15. со 4,9, Албанија 28. со 3,9, Црна Гора 30. со 3,9, а Србија 35. со 3,5.

Најдобри патишта во Европа има Холандија, оценета со 6,4, втора е Швајцарија со 6,3, а трета Австрија со 6.