Филипче излажал дека модуларните ковид болници се осигурани (ВИДЕО)

Министерот за здравство, Венко Филипче на 9-ти Септември, еден ден после страотната несреќа во Тетово кога изгоре модуларната ковид болница а во која животот го загубија 14 пациенти тврдеше дека модуларните болници се осигурани, но телевизија Алсат открива и го побива тврдењето на министерот, дека всушност сите модуларни ковид болници во земјата не се осигурани.



Модуларните ковид болници државата никогаш не ги осигурала.

Модуларните болници низ држават не се осигурани од евентуален пожар, поплава или евентуален друг проблем открива телевизија Алсат.

Алсат во бирото за јавни набавки нашла договор за осигурување за имотот на здравствената установа Клиничка болница, но не и за веќе изгорениот модуларен дел, открива Алсат телевизија а пренесува Канал 5.

На новинарско прашање „Дали овие ковид модуларни болници се осигурани?“, министерот за здравство Венко Филипче дента ок трагедијата тврдеше дека и модуларните ковид центри се подеднакво осигурани како и другите здравствени институции.