СЗО не дава одобрение за руската вакцина „Спутник V“

Светската здравствена организација ја запре постапката за одобрување на руската вакцина против Ковид – „Спутник V“. Причината е новата инспекција на погоните на производителот, изјави д-р Xарбас Барбоса, заменик-шеф на Пан-американската здравствена организација (ПАХО), јавува „Moscow time“



„Производителите на вакцини мора да потврдат дека местата каде што се произведуваат вакцини се во согласност со стандардите за добра производствена практика“.

Русија поднесе барање за одобрување до СЗО и до Европската агенција за лекови (ЕМА) во февруари, по објавувањето на истражувањето во водечкото медицинско списание „The Lancet“, според кое вакцината има 91,6% ефикасност.

И ЕМА и СЗО минатата недела рекоа дека се уште чекаат „целосен сет на податоци“ од производителите на Спутник V.

ЕМА одби да каже какви информации недостасуваат.

Вакцината „Спутник V“ е одобрена за употреба во 70 земји со вкупно население од 4 милијарди луѓе, што е повеќе од 50% од светското население.