Почина легендарниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Легендарниот српски кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ почина рано утрово во Белград на 78 -годишна возраст.



Тој беше селектор на српската репрезентација во два наврати, од 1988 до 1996 година и од 2008 до 2013 година.

Со националниот тим, освои три европски златни медали (1989, 1991 и 1995 година), како и сребро (2009), го освои светското злато од 1990 година, сребро од Олимписките игри во 1988 година.

За време на својата богата тренерска кариера, тој ги тренираше Партизан, Арис, Раднички од Црвениот крст, Шибеник, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА, Динамо Москва, Анадолу Ефес.

Крај тренерска кариера објави во 2016 година.