Прес службата на владата во обид да го спаси својот шеф, премиерот, го закопа до теме во лаги и манипулации.
Да беше Кили во Македонија сигурно ќе ја употребеше неговата позната изрека пригодна за ситуации во кои некој некого прави будала.
Кили кој избега од “режимот на ВМРО – ДПМНЕ” сигурно на СДСМ сега во негов стил ќе им порачаше “Ма немој да ме ј…ш бре” или “ј…а вас семантика”.
Прво му дозволија на премиерот, преку социјалните мрежи да излаже дека имал средба со претседателот Трамп а потоа се обидоа да му докажат на народот дека е недоветен со спинување на лагите и со обид свесната манипулација да ја претворат во јазична и граматичка грешка.
„Прес службата на Владата се извинува за евентуалниот пропуст при составувањето на семантичката структура на реченицата и доколку употребата на зборовите „средба“ и „настан“ предизвикала разлики во толкувањето на информацијата“, се вели во соопштението од владата со кое требаше да се извади премиерот моралната дупка во која пропадна до гуша во Њујорк.
Министерството за отчетност и транспарентност познато како политбиро за пропаганда се обиде да ни каже дека проблем е именувањето на настанот на кој премиерот Заев се ракуваше со Трамп, истовремено потиснувајќи ја лагата за содржината на средбата.
И покрај видеото на кинеската државна агенција на која јасно се гледа дека Заев немал време да каже ни здраво тие остануваат на ставот дека со Трамп е зборено за реформите на ОН и декларацијата на САД, нешто што не можело да се случи освен ако Трамп и Заев не збореле струмички преку телепатија.
Да се лаже дел од народот цело време е можно како што е можно да се лаже цел народ понекогаш но и Заев и неговиот пропаганден тим мораат да знаат дека не може цел народ да се лаже цело време. Таа лекција народот ја научи со предходната власт и тие пред нив и уште долго нема да ја заборави.
Затоа или прес службата во владата каде што има умни и чесни луѓе ќе биде доблесна и ќе се извини како што треба или ризикува да биде предмет на тролање со години.





