Поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија, Љубомир Ќучуков ја критикува блокадата за почеток на преговори на Македонија за членство во Европската унија, која, според него, ја изолирала земјата во Унијата.



„Тоа што го правиме ние е огромен подарок за македонизмот, бидејќи тој се обидува да ги оддалечи луѓето од двете страни на границата, убедувајќи ги жителите на Северна Македонија дека немаат ништо заедничко со Бугарија, а ние ги натеравме и да не сакаат да имаат нешто заедничко со нас“, изјави тој за Блумберг ТВ Бугарија.

Директорот на Институтот за економија и меѓународни односи од Софија прогнозира дека ќе се дојде до решение за прашањето, но по двострани преговори, во кои смета дека Бугарија треба да биде проактивна.

Според Ќучуков, претстојат тешки времиња за бугарската дипломатија.