Доби укор: Рама не сакал да одговара на прашања нa косовски новинари

Европската федерација на новинари ги осуди постапките на албанскиот премиер Еди Рама, кој, како што се наведува, ги игнорирал прашањата на новинарите од Косово на заедничката прес -конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Тирана.



„Засрамете се, премиере Еди Рама, што намерно ги игнориравте прашањата на косовските новинари. Европската федерација на новинари ја осудува таквата невидена сегрегација”, нсподели на Твитер генералниот секретар на Федерацијата, Рикардо Гутереш.

Тој ја сподели и веста од албанскиот портал Егзит њуз, во која се наведува дека Рама одбил да одговори на прашањата на новинарите од Косово.

Тие чекале без успех 40 минути за да добијат шанса да постават прашање, но според албанскит портал, не им дозволиле да постават прашање ниту на Рама ниту на Меркел.