Според реномираниот магазин „Економист“, Македонија е во самиот светски врв не само според официјалниот број на ковид-жртви, туку и според одвишната смртност, пресметана од извештаите на ДЗС во однос на очекуваната десезонирана смртност. Со други зборови, таа ги опфаќа и починатите во домашни услови коишто никогаш не биле тестирани на корона вирус.
Треба уште да се истакне дека македонските броеви се заклучно со 30.06.2021, пред почетокот на летниот бран на Делта сојот.
Пресметките се направени со официјалниот број на жители на државата од 2,08 милиони жители. Доколку сметаме со 1,7 милиони жители (ќе дознаеме за 3 месеци), одвишната смртност кај нас изнесува 615 починати на 100.000 жители, што е повеќе дури и од Перу, односно уште со јунските податоци сме биле први на светот.






