Покачена температура, затнато носе, кашлица, секреција, воспалени крајници… иста слика и оваа есен. Овие вируси не се премногу опасни, но можат да бидат и затоа треба да се лекува навреме.
Настинките се исто така многу чести во есен, односно при секоја промена на сезона. Затоа, заштитете се навреме со тоа што ќе го зајакнете имунитетот. Спијте препорачани 8 часа и притоа внимавајте да легнувате и станувате во приближно исто време. Стресот е исто така поврзан со имунитетот, затоа обидете се да го контролирате.
Имунитетот се зајакнува и со редова физичка активност, бидејќи вежбањето е поделотворно од секое апче. Храната треба да изобилува со витамини, минерали и пробиотици.

Во овој период кожата и грлото се посуви, па внимавајте да бидете хидрирани цело време. Исто така, не пијте ладна вода, бидејќи таа не е поволна за правилно варење на храната.
Времето е поладно но не е ладно, па затоа искористете го убавото време за активности на отворен простор. Овие прошетки ќе го зголемат нивото на витамин Д и ќе ви го подигнат расположението.
Не само храната, туку и помалата физичка активност после летото, знае да додаде килограм плус. Затоа, не прекинувајте доколку сте вежбале во летниот период, само облечете се потопло доколку вежбате надвор.




