Седумкратниот светски шампион и најдобриот возач во Формула 1 на сите времиња, Михаел Шумахер (48) веќе четири години живее во кома откако доживеа трагичен пад на скијање на францускиот Мерибел во 2013. година.



Лекарите потоа потврдија дека Шумахер речиси сигурно не носел шлем. Падот бил толку тежок што тој претрпел сериозни повреди на главата, по што тој се уште не се разбудил од кома до ден-денес. А се случи додека Шуми скијаше со својот син.

Неговото семејство потоа го инвестираше речиси сиот стекнат имот за лекување, а неговиот дом во Швајцарија го посетија голем број на светски специјалисти, но ниту една терапија не предизвика будење.

Иако неговото семејство молчи и не дава никакви информации шведскиот весник Expressen успеа нешто да наслушне и сега тврди дека лекарите ќе се обидат со повторна операција. Но ако и таа не успее, ако операцијата не вроди со плод, се вели во весникот, тие ќе се откажат од натамошен третман. Во меѓувреме Шумахер треба да се пресели во Далас, кај еден од најпочитуваните светски невролози, д-р. Џулијан Микс.

„Имам многу искуства со такви пациенти. Се сомневам дека некој во Европа има третмани со повеќе такви пациенти од мене“ изјави Микс за германскиот весник Браво.