„Не разбрав: Заев ќе чека истрагата да покаже дали Филипче има морал“? – реагира професорката Биљана Ванковска по денешното соопштение на премиерот дека ќе чека да заврши истрагата за да одлучи дали да ги прифати оставките на министерот и заменикот министер за здравство и на двајца директори на тетовската болница.
„Директорите на ЈЗУ ја завршиле истрагата: утврдиле дека Венко не може да се повикува на морална одговорност.
За тоа време, некој се опарил од модуларниот бизнис, а некој е завиен во црнина. Сите ние седиме на темпирана бомба“, напиша Ванковска на Фејсбук.






