Претседателските и парламентарните избори во Бугарија ќе се одржат на 14 ноември, соопшти претседателот Румен Радев.
Тој најави дека ќе го распушти Националното собрание што е можно побрзо во согласност со процедурата што ја налага Уставот.
Радев објасни дека изборите „два во еден“ ќе заштедат пари од државната каса, како и време на луѓето.







