Соединетите држави денеска ја одбележуваат 20 -годишнината од нападите на 11 септември, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе.



Тоа беше прв напад на територијата на САД во историјата на оваа земја.

Комеморацијата се случува во време кога позицијата на претседателот Џо Бајден е разнишана поради повлекувањето на американската војска од Авганистан и препуштање на земјата во раце на талибанците.

А токму нападите на 9/11 беа повод за американската воена интервенција во Авганистан, есента 2001 година.

Во дваесетгодишната војна загинаа 2.500 американски војници, потрошени се околу 2 трилиони долари, додека Авганистан се уште е во рацете на исламистите, кои по нападите на 11 септември беа обвинети дека го засолниле водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, подоцна убиен во Пакистан.

Повлекувањето од Авганистан го чинеше претседателот Бајден стрмоглав пад на популарноста на нецела година во Белата Куќа.

Тој и неговата сопруга Џил ќе го посетат спомен обележјето на местото на Светскиот трговски центар во Њујорк – каде беа урнати кулите близначки на 11 септември 2001 година.

Таму, денеска како и секоја година, ќе се читаат имињата на речиси три илјади убиени.

Претседателската двојка ќе ја посети државата Пенсилванија, каде што се урна авионот киднапиран од терористи.

Потоа ќе заминат и во Вашингтон, каде што беше нападнат Пентагон.

Во програмата на eо Бајден не е предвидено да има говори или изјави, туку биде емитувана видео порака.