, излезе со реакција по трагедијата во Тетово, каде што 14 пациенти позитивни на Ковид-19 го загубија животот во експлозија во модуларната болница, со коментар дека институциите до сега требало да ги пронајдат виновниците за оштетените цевки за довод на кислород за да нема шпекулации и стравувања кај јавноста.
„Додека ги броиме жртвите од пожарот во болницата во Тетово и сочувствуваме со семејствата на загинатите; и, додека стигнуваат сочувства од Балканот и светот…, редно е да прашаме дали надлежните органи ги открија сторителите кои на 23.08 (само две недели пред пожарот) ГИ ПРЕСЕКОА бакарните доводни цевки за кислород во тетовската болница и загрозија животи на стотина пациенти? – прашува во објавата на Фејсбук, професорката и експерт за безбедност и поранешен висок функционер на СДСМ, Фросина Ременски.
Ако во овој случај (неспорно) е утврден човечки фактор кој сечел и виткал доводни цевки за кислород, тогаш дали тоа може да и’ даде право на јавноста да се посомнева дека, пожарот е подметнат?
Доколку се утврди дека, пожарот е подметнат (лично би тргнала од ваква криминалистичка верзија, заради нерешениот случај со сечењето на цевките за кислород во болницата), тогаш овие диверзантски дела се класичен акт на тероризам!
Како знак на почит кон жртвите ќе се воздржам од било какви други коментари важни за истрагата.
Очекувам институциите да признаат дека, еден важен претходно-нерешен проблем не може да не роди нов и поголем проблем, ако градот (Тетово), објектот (болница) и целта (загрозување на животите на пациентите) се исти. Криминалистичката логика е таа“, пишува Ременски на Фејсбук и додава:
„Најдете ги врските помеѓу оваа “случајна случајност” и понудете ОДГОВОРИ, а не информација дека, 5 или 10 јавни обвинители работеле на случајот. И 20 да работат ако нема резултат – џабе.
(…)
Ангажирајте ги сите и АМАН кажете дали го решивте претходниот случај со диверзијата, за да веруваме дека и овој може да биде решен?“, реагира Ременски.







