Очекува ли прошка од Заев: Зошто Филипче не дал неотповиклива оставка

Реакции во јавноста откако министерот за здравство Венко Филипче понудил пишана оставка до премиерот Заев.



Најголем дел од јавноста очекуваше поради морална одговорност Филипче да си замине од министерската фотеља без никаква задршка со поднесување на неотповиклива оставка.

“Ако добро сфаќам, Филипче ПОНУДИЛ оставка, но не и дека ДАЛ безусловна оставка. Неговата одговорност не е само за Тетово, туку за ЦЕЛОТО “менаџирање “ на пандемијата и здравството”, напиша професорката Билјана Ванковска за чинот на Филипче.

Според праксата наместо да каже дека заминува затоа што се чувствува морално одговорен Филипче сега ќе чека премиерот Заев да процени дали тој се уште ќе ја врши функцијата министер или ќе биде сменет што говори дека Филипче не е на чисто дали чувствува морална одговорност.

Вообичаено по вакви трагедии чесните политичари не даваат условна туку неотповиклива оставка и не очекуваат да бидат помилувани од своите премиери или шефови на влади.

Кај се уште актуелниот министер за здравство овие работи не се јасни.