Креаторот на филмот, Џејмс Камерон, објави дека актерката била избрана минатата ноќ на приватен кастинг во Лос Анџелес и дека таа ќе глуми во новото продолжение на Терминатор. Дистрибутерот Парамаунт Пикерс потоа само ја потврди веста.

Камерон беше во брак со Линда во периодот од 1997. до 1999. година. Кога стана јасно дека тој ќе биде продуцент на продолжението кое ќе го режира Тим Милер, веднаш беше најавено дека ќе се обиде да го обедини првиот и најпрепознатливиот тим на „Терминатор“, а тоа покрај Хамилтон претпоставува и камбек на главниот лик, Арнолд Шварценегер.




