Кошаркарите Работнички доживеаја огромен пораз од 88-63 во првиот настап во првиот натпревар од квалификациите од ФИБА Еврокупот. Парма Перм попладнево беше убедлив и ги доби сите 4 периоди, од 1 до 12 разлика, по што Русите создадоа 25 разлика, што ќе биде тешко достижно за реваншот закажан за следната среда во Скопје. Бугаринот Чавдар Костов беше најефикасен во редовите на Работнички со 22 поени, а Американецот Маркус Гинјард постигна 14. Кај Перм, Американецот Гејнс беше стрелец на 23 поени.



Долгогодишнот отсуство на најуспешниот македонски кошаркарски колектив на сите времиња од континенталните, па и од регионалните случувања има директен одраз на овој пораз, по кој се чини дека нема многу шанси за продор до второто коло во ФИБА Еврокупот.