(Не)Оставката на Филипче покрена научна дебата за срамот, моралот и мозокот

Срамот е комплексна симпатичка реакција во која учествува фронтален мозочен лобус, амигдала, инсула, хипокампус и тн.
Значи, предуслов за срам е присуство на мозок.



Ова го пишува лекарот Ненад Лазаров без да каже прецизно на што се однесува но темата неминовно се поврзува со однесувањето на министерот Филипче кој не сака да даде оставка од морални причини.

“Како клиничар да те дополнам и да напишам дека треба да се обрне внимание и на серотонинот, невротрансмитер (хемиски гласник) во мозокот.
Од истражувања кои сме ги правеле сме дошле до заклучок дека ниското ниво на серотонин може да придонесе за вродената подложност на некое лице да се чувствува засрамено, но дефинитивно за серотонин мора да се има мозок!”, се вели во одговорот дополнување на постот на Лазаров од друг здравствен работник.

Меѓу другите коментари во дебатата отворена од Лазаров стои:

Недостаток на емпатија е присутна и еден од најголемите знаци на патологија кај социопати и психопати и сите нивни подврсти на дијагнози. Кој ја нема истата, не ни може да осети кривица, па на тоа и одговорност. Лаички…извинето нек ми е.

Сите коментари на овој линк

https://www.facebook.com/1209113585/posts/10222039606238411/