Милошовски: На денешен ден пред три години власта го лажеше народот дека гласа „ЗА бесплатни здравствени услуги низ цела Европа“

На денешен ден пред три години, со народни буџетски пари, власта го лажеше народот дека гласа „ЗА бесплатни здравствени услуги низ цела Европа“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, потсетувајќи на кампањата за референдумот за промена на името.



– Денес, здравството е заглавено во неефикасност, многу грешки, жртви и истраги за морбидни трагедии, како онаа во болницата во Тетово. Големи штети има насекаде, а одговорноста ја нема никаде, напиша на Фејсбук пратеникот Милошоски.