Од денеска во Данска се укинуваат сите анти-корона мерки и со тоа станува прва држава од Европската Унија која целосно се враќа на нормален живот како пред пандемијата.
Уште во август, данските власти одобрија укинување на сите мерки откако беше заклучено дека вирусот веќе не е закана што се должи на високата стапка на имунизација – три четвртини од возрасните се целосно вакцинирани – и на ниската стапка на сериозни заболувања и смртни случаи.
Ковид пропусницата повеќе нема да биде потребна за влез во ресторани спортски центри ноќни клубови, децата нема автоматски да се праќаат дома по контакт со заразено лице, во карантин ќе бидат смао оние кои се заразени, училиштата се отворени, а луѓето се враќаат на работа.






