Мисла стара 2065 години што треба да ја прочитаат Филипче, Шахпаска и Бесими

Професорот од Институтот за национална историја Митко Б. Панов објавува мисла од големиот филозоф Цицерон што може да се однесува на моралната одговорност а која деновиве најмногу треба да важи за министрите Филипче и Шахпаска од СДСМ кои ги набавувале модуларните ковид центри и директорот на тетовската болница Флорин Бесими од ДУИ инаку брат на Министерот за Финансии Фатмир Бесими.



Ниту еден од нив, иако директно морално одговорни за трагедијата во Тетово, не дава оставка.

Според Панов мислата на филозофот е релевантна и по 2065 години, особено за македонските состојби.

„Ниту еден период од животот, независно дали е јавен или приватен, дали е поврзан со работата или со домот, независно дали некој работи само лично за себеси, или се занимава со другите, не може да остане без својата морална должност; од исполнувањето на ваквата должност зависи сѐ што е морално правилно, а од нејзиното занемарување, сѐ што е морално погрешно во животот (Cicero, De Оfficiis)”, пишува Панов без конкретно да наведе на кого се однесува оваа мисла на филозофот.

Постот на професорот Б. Панов

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10159388281694787&id=750799786