Данева: Не може Филипче на прес да си нарача инспекциски надзор

Професорката Ана Павлова Данева го подучува министерот за здравство, Венко Филипче, откако Филипче вчера на прес конференција повика инспекциски надзор дваесетина асови по пожарот во тетовската модуларна болница во која загинаа 14 лица.



„Инспекциски надзор

1. не се нарачува од министер на прес конференција туку за негово иницирање има законски точно утврдена процедура;

2. не се спроведува пост фестум, два дена после случување на несреќа, кога фактичката состојба не може да се утврди со увид на лице место;

3. НЕ СМЕЕ да се спроведува додека трае предистражна постапка за истиот настан, односно во таква ситуација инспекторите може да постапуваат само по добиен налог од јавен обвинител, а не на повик на министер“ порача на Фејсбук професорката на Правен факултет и поранешна пратеничка на СДСМ, Ана Павловска Данева.