„Опозицијата треба реагира остро по повод трагедијата во ковид – болницата во Тетово и да побара одговорност на Владата, министерот за здравство Венко Филипче, на градоначалничката на Теута Арифи и на други одговорни политички лидери. Опозицијата ќе има голема вина, ако не го крене гласот и ако не дејствува согласно со улогата што ја има. Причини да се бараат оставките се и тоа што досега нема одговорни поради случајот ‘Дурмо турс’, поради поплавите кај Скопско и поради усмртувањето студентка од Косово пред 15 години кога врз неа падна кровот на тетовската болница.“ – вели влијателниот новинар Фејзи Ајдари во својата колумна под наслов „Три причини зошто опозицијата треба да реагира остро“, која ја пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА.
Ајдари пишува: „Опозицијата да реагира на компетентен начин согласно со улогата што и припаѓа во новонастанатите околности. Во оваа пригода треба да преземат одговорност носителите на институциите, почувајќи од оставка на Владата, на министерот за здравство Венко Филипче, градоначалничката на Тетово Теута Арифи и другите одговорни политички лидери. Од ова барање оставки не треба да има повлекување овојпат. Доста беше. И болниците ни ги претворија во воен фронт.“
Колумнистот предупредува: „Опозицијата ќе има голема вина, ако не го крене гласот на компетентен начин, но не како порано кога се однесуваше исто како да е дел на Владата.“
Натаму Ајдари наведува „причини зошто опозицијата треба да дејствува така“:
1. Случајот ‘Дурмо турс“ во близина на Ласкарце – животот го загубија 16 патници и 38 лица беа тешко повредени. Се уште нема одговорен!
2. Поплавите кај Стајковци, Арачиново, Сингелиќ и Ченто, во Скопско: 20 загинати и 6-мина исчезнати. Нема одговорен!
3. Пред 15 години падна кровот на болницата во Тетово и и го одзеде животот на една студентка од Косово. Тогаш властите ветија брза истрага и расветлување на случајот.
Но, оттогаш се досега: нема одговорен!“
„4. Вчера се случи и трагедијата во тетовската болница. Да очекуваме да видиме: кој ќе понесе одговорност и кој ќе даде оставка? Не дозволете и сега да се обидат да најдат начин да ја одбегнат одговорноста оние што имаат институционална, морална и граѓанска одговорност.“ – заклучува новинарот Фејзи Ајдари во својата колумна, што ја пренесе ИНА.
https://ina-online.net/3-arsyet-pse-duhet-te-reagoj-ashper-opozita/





