Хајредини: Главно е, како и обично, да се спасат властите од одговорноста

Не постои во светот, освен во Македонија, политички систем каде тој што одлучува нема одговорност, објави на Фејсбук поранешниот министер Џевдет Хајредини, по трагедијата во ковид-центарот во Тетово.



Претходно, политичкиот аналитичар побара одговорност од властите, саркастично коментирајќи дека за нив е доволно да се побара „целосна, длабока и брза истрага“.

“Сега, дури и по толку голема трагедија, главната работа е, како и обично, да се спасат политичките власти од одговорноста. За еден од нив, доволно е да се побара „целосна, длабока и брза истрага“, напиша Хајредини.