Алити: „Можеше катастрофата да биде уште поголема!“

„Постоеше можност катастрофата да биде уште поголема! Огнените јазици беа толку големи. Од една страна, дел од нас, противпожарникарите, се боревме да ги изгаснеме огнените јазици, додека од друга страна други пожарникари ги евакуираа, или ги вадеа луѓето, што беа во запалениот објект на модуларната болница.“ – ја пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА денешната изјава на Ука Алити, раководителот на Противпожарната служба во Тетово во информацијата под наслов „Ука Алити: ‘Се боревме со огнените јазици и да се спаси живот, можеше катастрофата да биде уште поголема!“



Пожарот првин избувна во предниот дел на овој објект, а пријавата за тоа во пожарникарската служба уследи во 21, 02 часот вчера.“ – пренесе ИНА.

Извор: https://ina-online.net/uka-aliti-luftonim-me-flaket-edhe-per-te-shpetuar-jete-mund-te-ishte-katastrofe-edhe-me-e-madhe/