Во вчерашниот пожар што избувна во ковид центарот во болницата во Тетово, животот го изгубиле 14 пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Телата на трагично починатите се предадени на Институтот за судска медицина во Скопје.
Досега е направена обдукција на четири тела/
Се очекува во текот на денот ќе бидат завршени сите обдукции, а потоа ќе се чекаат анализите за постапките за утврдување на причината за смртта и изготвување на обдукционите наоди кои треба да се предадат во Обвинителството и да помогнат во истрагата
Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти.
Персоналот успеа да спаси 12 пациенти од огнената стихија и тие се префрлени на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.







