„Скопско ехо“: „Итно да се проконтролираат сите ковид – болници во Македонија“

„Итно мора да се изврши проверката и на сите останати 16 модуларни болници, кои се направени во повеќе градови во Македонија. Имаат ли квалитетна електрична инсталација? Каква е инсталацијата за доток на кислород…? Сето ова се дилеми, кои треба да се расчистат веднаш. Не треба ништо да се остави непроверено. Бидејќи, се појавија информации дека тетовската модуларна болница имала проблеми уште при отворањето на 15 април годинава.“ – пишува весникот „Скопско ехо“ во својот осврт под наслов „Се прави ли итна проверка на останатите модуларни болници?“ по страотниот пожар во тетовската модуларна ковид – болница вчера.

Скопско ехо“ прашува: „Како дојде со стравичниот пожар во Тетово? Одговор бараат на терен неколку обвинители. Истрагата би требало да ги открие вистинските причини за големиот пожар, кој остави трагични размери синоќа во Тетово. Засега, има само претпоставки. Премиерот Зоран Заев синоќа соопшти дека на пожарот му претходила експлозија. Не се знае што експлодирало и во која просторија. Можни се повеќе варијанти, но тие треба да се расчистат под итно.“

„Итно мора да се изврши и проверката и на сите останати 16 модуларни болници во повеќе градови во Македонија“ – укажува весникот: „Не треба ништо да се остави непроверено. Треба да се утврди во каква состојба се модуларните болници. Дали нешто треба веднаш да се поправи, донаправи…? Сега излегуваат информации дека тетовската модуларна болница имала проблеми уште при отворањето на 15 април годинава. Но, се тврди дека грешките биле од помали размери.“

„Се појавија сомнежите дека нешто не е во ред со модуларните болници. Имаат ли квалитетна електрична инсталација? Каква е инсталацијата за доток на кислород…? Сето ова се дилеми кои веднаш треба да се расчистат.“ – заклучува „Скопско ехо“ во својот осврт по повод трагедијата во Тетово.

Извор: https://skopskoeho.mk/se-pravi-li-itna-proverka-na-ostanatite-modularni-bolnitsi/