„Црна ноќ за Тетово, полна со болка и тага. Искрено сочувство со болката на сите оние кои денес ги загубија своите најблиски во овој трагичен случај! – сподели на Фејсбук градоначалничката на Тетово Теута Арифи, во врска со синоќешната трагедија во која во пожар животот го изгубија 10 лица во тетовската модуларна болница.
„Ќе почекаме надлежните институции да ја направат потребната проценка и да дадат официјални податоци, и што е можно поскоро да го решат овој тажен случај што го зави Тетово во жалост!, напиша Арифи на фејсбук.







