Северна е вештачка творба: Независна Македонија е ставена на Stand By

„30 год. независност“ на „севернава“ е историски фалсификат и ревизионизам. „Северна“ постои од 2018 и е нов политички ентитет (вештачка творба) којшто нема врска со Република Македонија. Си има поинакво уредување (хибриден режим и диктатура) и има точно НУЛА години независност.



Ова е оценката на професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Кирјаковски според кого вистинската независна држава Македонија од пред 4 години е во хибернација.

“Независноста на Македонија е на стенд бај. Беше независна од 1991 до 2017, односно до насилното стапување на власт на квинслинзиве кои го гушат и опресираат македонскиот народ. Републиката од 2017 е зависна, сервилна, окупирана и потчинета – а дали ќе остане така, зависи од нас”, пишува Кирјаковски.