Во најмалку две јавни објави на социјалните мрежи на тема националниот празник 8 септември премиерот Заев не го споменува зборот Македонија дури ниту во насила наметнатата форма С. Македонија.
Тој во дел од своите јавни пораки на Твитер зборува за независноста но воопшто не пишува за која држава се работи.
По повод Денот на независноста, во алејата на великаните положивме свежо цвеќе пред вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски. Оддаваме почит за нивниот значаен придонес во воспоставувањето на самостојната државност.
Слава им! pic.twitter.com/3DoSZHJUoy
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) September 8, 2021
Слично постапува и министерот за внатрешни работи кој во некои свои пораки ја изоставува Македонија иако има доволно простор да ја спомене.
“Денеска, на покана на претседателот Пендаровски, по повод 30 години независност на нашата држава, присуствував на Церемонија на доделување на орден „8 Септември“, напиша Спасовски денеска без да ја спомене Македонија.

Македонците знаат за која држава се работи но знаат и зошто Заев и Спасовски не го спомнуваат името на државата Македонија.
Дали се работи за срам да го користи новото име или за страв да го спомене зборот на С, е прашање на кое официјален одговор треба да даде армијата владини пропагандисти.
Освен недостатокот на Македонија во твитовите интересно е и тоа што името северна Македонија е речиси незабележително на банерите кои ги креираше владата за празникот.

На банерот што го користи Спасовски го нема дури ниту ниту новото име кое беше усвоено со политичко насилство.
Со положување венци свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Глигоров и Трајковски и со оддавање почит за нивниот значаен придонес започна одбележувањето на 30 годишнината од независноста. https://t.co/weT2sL4flo
— Влада на Република Северна Македонија (@VladaMK) September 8, 2021
Постот на Спасовски без Македонија
https://www.facebook.com/261903973987233/posts/2003450226499257/






