Бугарската социјалистичка партија го врати мандатот за формирање редовна влада во рамките на сегашното Национално собрание.
Шефицата на БСП како што беше најавено во 17 часот по софијско време го врати мандатот на претседателот Радев.
БСП беше трета партија која доби можност за состав на влада откако прво – втопрпласираната партија на предвремените избори на 11 јули, го вратија мандатот.
Ова автоматски значи дека Бугарија оди на трети последователни предвремени избори во ноември, а сегашниот 46-ти состав на Националното собрание треба да се распушти за неколку дена.
Сепак, Уставот не формулира точен рок, а прашањето за распуштање на Националното собрание е поврзано со датумот на предвремените избори.
Односно, од одлуката дали парламентарните избори ќе се одржат во ист термин со претседателските закажани на 17 ноември или бугарските граѓани ќе треба оваа есен на три пати да одат на гласање.






