Како да се дознае кој направил криминал со пуштањето на слобода на криминалецот

Предлог за расчистување на ситуацијата со Зоран Милески Кичеец кој пред два дена направи сообраќајна несреќа додека е на издржување затворска казна од 3 години.



Предлогот доаѓа од “Твитерџика” која дава многу логични и издржани предлози и која очигледно добро ги познава процедурите кои се прекршени во случајот со осудениот криминалец на слобода.

Предлозите:

– Да се испитаат лекарот што ја потпишал медицинската документација, судијата за извршување на санкции и надлежниот Основен јавен обвинител

– да се разрешат директорите на Затвор Струга и на Управата за извршување на санкции

– Кичевскиот да оди во Идризово

Ова за почеток, пишува профилот што ги дава предлозите.