Хирург од Косово на Фејсбук објави снимка од интервенција што ја направил врз 33 годишен пациент на кој од желудник му извадил мобилен телефон „Nokia 3310“, кој пациентот 4 дена претходно – го проголтал.
Хирургот Скендер Телаку го предводел медицинскиот тим на болницата во Приштина. Телефонот бил отстранет со ендоскопија -метод со кој се вршат прегледи и помали интервенции со инструмент што влегува во телото преку устата.
Nokia 3310, класичен модел од раните 2000-ти. Тоа е неуништлив телефон, од времето пред паметните телефони, „голф 2-ка“ меѓу телефоните, пренесува Б92.
Телефонот бил преголем за да се свари во желудникот, а киселината од батеријата можела да го загрози животот на 33-одишникот.
Nokia 3310 за прв пат беше претставен на 1 јуни 2000 година…Примероци стари по 20 години се’ уште функционираат.







