Уапсениот дипломат добил безбедносен сертификат иако се знаело за “Ерменскиот скандал”

Меѓународната потерница по Миленкоски е издадена една година откако во Македонија добил нов безбедносен сертификат за строго доверливи информации.



Случајот започнал во 2018 година и повеќе институции веќе знаеле дека тој бил инволвиран во сомнителни активности но сепак му бил даден сертификат.

Сертификатот според извори на Телма, Миленкоски го добил на 13-ти февруари 2019-та, истата година кога надлежните слушнале за неговата операција.

“Но, и покрај сите информации, безбедносните служби или знаеле за скандалот и за ерменската операција без да преземат активности или пак не знаеле односно молчеле без да преземат ништо”, објавува Телма за скандалот.