Државниот завод за статистика се извини на Македонски телеком

Државниот завод за статистика се извинува за лошо изнесената изјава и јавно се извинува на Македонски Телеком АД за несреќно дадената изјава дека проблемите кои ги имаа денеска попишувачите се должеле на паѓањето на мрежата на овој оператор.



Денеска, во претпладневните часови се појавија спорадични и локациски изолирани проблеми при  процесот на попишување на населението на терен, соопштија од Државниот завод за статистика.

Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат. Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено.

Од ДЗС известуваат дека во тие 2-3 часа додека траеја техничките проблеми, беа попишани речиси 10 илјади лица на целата територија на државата.