Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека стручните служби работат на утврдување на одговорноста за сообраќајната несреќа во која е вклучен Зоран Милески-Кичеец.
„Јас искрено жалам што се случи сообраќајна незгода и што има починато лице, тоа е најголемата загуба, за сите други аспекти ќе се произнесат сите други експери во МВР, точно ќе се утврди кој е виновен и тој ќе мора да носи одговорност.
Ги имаме ние идентитетите, се работи на тоа и ако има каква каква било поврзаност, со нешто сомнително за тоа ќе се преземат мерки, изјави министерот“, одговарајќи на новинарско прашање.







