Откако весникот Слободен Печат се обиде да ја манипулира јавноста дека Наќе Чулев ја скрил потерницата за двајцата македонски дипломати кои ги бара Интерпол, на социјалните мрежи се појави фотографија со луѓе блиски на министерот Спасовски кои требало да ја процесираат потерницата по Миленковски и Сарафов.
Слободен печат во насловот објавува тврдење кое Спасовски воопшто не го кажува во објавениот текст на новинарката Марина Дамчевска.
Профил на Твитер кој е познат како добар познавач на состојбите во безбедносниот сектор објавува фотографија првично објавена од новиот шеф на одделот за организиран криминал Ветон Кранлиу.
Дел од луѓето на фотографијата според твитот се директно одговорни за процесирање на барањата од Интерпол кои од непознати причини не биле ставени во процедура ниту откако Чулев замина од позицијата технички министер.
Одговорните за потерницата од Интерпол имале повеќе од една година да преземат соодветни мерки против дипломатите кои биле испраќани на мисии од министрите Османи, Димитров и шефот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски.
Според извори во МВР ниту еден од луѓето на Спасовски кои се одговорни за забошотување на потерницата од Интерпол за двајцата дипломати блиски на Димовски не бил под директна команда на Чулев.
Предходно пред Спасовски да се обиде да го наведи Чулев за скандалот со двајцата дипломати се оградија и Османи и Димитров.
Засега молчат само Директорите на АНБ Виктор Димовски кој беше државен секретар во МНР и шефот на Дирекцијата за безбедносни информации Стојан Славески.
Нивната работа наскоро се очекува да биде анализирана од Комисијата за безбедност во Собранието.
Кои се луѓето во МВР што требало да ја решат потерницата од Интерпол
Кој е известен и каде се завршува патот на Потерницата од Интерпол за дипломатите Сарафов и Миленкоски 👉 https://t.co/8A25GSp2de pic.twitter.com/Xgo97fBAnf
— 🅰️псаана (@aps_aana) September 6, 2021
Кои се функционерите кои требало да го решат случајот открива друг профил кој истот така има добри информации за состојбата во безбедносните структури.
По добиено известување од @INTERPOL_HQ, стек на кд од:
Оливер Спасовски не го известил Јавниот обвинител
Никола Димитров не спровел постапка за одговорност
Виктор Димовски дал позитивно мислење за сертификат на дипломатите
Стојан Славески издал сертификат на дипломатите
— Демир (@Trollowsky) September 3, 2021






